Снегот, ледениот дожд и екстремно ниските температури предизвикаа вистински сообраќаен хаос низ многу европски земји, токму во деновите кога граѓаните масовно се враќаат на работа по божиќните и новогодишните празници. Колапс на аеродромите и железниците Најтешка е состојбата во Холандија, каде на амстердамскиот аеродром „Схипхол“ се откажани околу 450 летови. Целосно е во прекин и железничкиот сообраќај во Амстердам и регионот Утрехт, а ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираа за временската прогноза за следни шест дена. Како што информираат, утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми. Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ...

Од вчера попладне, главна тема во Србија дефинитивно е снегот, кој континуирано паѓа до денес. Целата земја е во хаос поради обилни врнежи од дожд, сообраќајот е тешко движен, такси услугите и автобусите не одат до одредени места, а луѓето се во голема мера незадоволни бидејќи не можат да стигнат до болници, работа или каде и да се упатат. Сепак, има и такви на кои ова навистина им се допадна. Имено, социјалните мрежи се преполни со видеа од ...