Пожарот на депонијата Буково за кој деновиве алармираа граѓани, вечерва доби на интензитет. Пламените јазици се видливи од голема далечина, а наоколу се шири непријатна миризба. Граѓаните се загрижени за своето здравје. Пожарите не се новина во нестандардната депонија Буково, особено во летниот период. Оваа депонија требаше да биде затворена уште во 2020 година, но истата се уште е во употреба, бидејќи се чека да почне со работа ...
Депонијата Буково останува 'рак рана' за охридскиот регион. Изминатава недела повторно гореше сметот, а сега иако пожарот е локализиран има големи количини на природен гас, метан кој гори. .Од "Oхридски комуналец" велат дека посипана е земја во количина од над 400 м³, со цел целосно гаснење и спречување на повторно разгорување на пожарот. Меѓутоа состојбата е непредвидлива бидејќи природниот гас тлее одвнатре и во допир со кислород се ...

