Тотенхем доби нов сериозен удар во борбата за опстанок откако напаѓачот Доминик Соланке ќе мора да паузира до крајот на сезоната поради повреда. Според информациите, англискиот репрезентативец заработил делумно кинење на бутниот мускул, повреда која е потврдена по последните медицински прегледи. Соланке се повреди во завршницата од првото полувреме на натпреварот против Вулверхемптон и веднаш беше заменет. Оваа ситуација претставува сериозен ...

Битката за опстанок на Тотенхем стана уште покомпликувана откако Роберто де Зерби остана без нови важни првотимци за финишот од оваа натпреварувачка сезона. Чави Симонс има тешка повреда на коленото и нема да се врати до крајот на 2026 година, но проблем плус за „спарси“ е што повреда на последниот меч со Вулверхемптон заработи и првиот напаѓач Доминик Соланке. Англискиот голгетер настрада во првото полувреме и мораше веднаш да биде заменет, ...