Управата за хидрометеоролошки работи попладнево излезе со вонредна информација за брза промена на временските прилики во делови од скопската котлина. Според најновите набљудувања на синоптичарите, регистриран е развој на нестабилно време во околината на Петровец. Од УХМР ги соопштија прецизните детали за моменталната состојба на теренот. „Јужно од Петровец имаме појава на нестабилна облачна маса која е проследена со слаби наместа можно и ...

Според најновите информации од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопската Котлина во моментов има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на одделни места можна е и појава на суградица. Радарските податоци покажуваат дека нестабилната облачна маса се движи во правец од исток кон запад, поради што временската нестабилност во текот на наредниот период може да зафати и други делови од котлината и западните региони. Граѓаните се ...