Годинава конечно заврши проектот за конзервација и реставрација на иконостасот во црквата Свето Благовештение во Прилеп кој што е трет во Македонија според својата вредност, после иконостасите во црквата Св. Спас во Скопје и оној во Бигорскиот манастир. Го изработила тајфата на познатиот копаничар Петре Филипоски – Гарката. Лани и годинава се работеше на конструктивното зајакнување, како и тонирањето и враќање на елементите кои беа отпаднати ...

По шест години стручна работа конечно е зацврстен, конзервиран и му е вратен оригиналниот сјај на монументалниот Иконостас во прилепската црква „Свето Благовештение“ кој е еден од највредните и најголемите во Македонија. Иконостасот го добил оригиналниот изглед од пред 188 години. -Оваа година одевме на тонирањето и на враќање на елементите кои беа отпаднати. Се вршење конзервација и пронајдување на основната боја на оригиналноста на самиот ...