На покана на Институтот за Балканистика при БАН, директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски, одржа предавање посветено на двајца големи книжевни столбови на Балканот, нобеловецот Иво Андриќ и македонскиот великан Петре М. Андреевски. Преку нивните дела, проф. Пејковски отвори важни прашања за историската траума, човечката судбина и литературата како огледало на духовните движења на еден народ. ...

Скопје, 21 ноември 2025 (МИА) – Во организација на Институтот за Балканистика при Бугарската академија на науките - БАН, директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски, одржа предавање посветено на двајца книжевни великани – нобеловецот Иво Андриќ и македонскиот писател Петре М. Андреевски. Во своето излагање, Пејковски ги претставил Андриќ и Андреевски како автори кои преку своите дела отвораат ...