Актуелен директор на државна институција вечерва е уапсен под сомнение за примање мито, во акција на службите за борба против организиран криминал при Бирото за јавна безбедност, дознава „Скопје1“ . Според неофицијални информации, станува збор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, кој бил фатен при барање и примање поткуп во износ од околу 50.000 евра. Тој е на оваа функција од јули 2024 година. Во моментов нема ...
Полициска акција спроведена во Струга, Кичево и Охрид заврши со приведување на четири лица, по претреси во кои биле пронајдени оружје, муниција и марихуана. Според Министерството за внатрешни работи, акцијата се одвивала на 23 март, а за сите случаи е известен надлежен јавен обвинител. Во Струга, во 19:45 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Струга ги лишиле од слобода 19-годишник и ...

