Африм Гаши денес вели дека отворањето на Уставот е „сензитивна работа“ што не смее да се прави ад хок и дека одлуката е кај политичките партии. Во истата изјава предупреди дека штом ќе се отвори Уставот, секој ќе се обиде да ја внесе својата политичка цел, што може да создаде поголем проблем отколку корист. Но архивата покажува дека Гаши и порано не само што зборувал за отворање на Уставот, туку во одредени моменти и јавно туркал тој процес ...

Собранискиот спикер Африм Гаши е против ад-хок отварања на Уставот. Највисокиот правен акт не треба да се менува парцијално, туку за тоа е потребна поширока и подлабока дебата, оценува претседателот на законодавниот дом. Прашањето за воведување уставна жалба и евентуални измени на Уставот е чисто политичко прашање за кое е потребен консензус од 2/3 од пратениците, вели Гаши. Ова е сензитивно прашање. Штом ќе се отвори Уставот, секој сака да ...