Советот на Општина Охрид на денешната 55-та вонредна седница донесе одлука за одобрување на финансиска помош во износ од 1.000.000 денари за семејствата на настраданите и повредените лица во пожарот во Кочани од 16.03.2025 година. Во овие средства е вклучена и сумата која требаше да биде наменета за традиционалната Ифтарска вечера која поради овој трагичен настан нема да се организира оваа година. Во заедничка согласност со Исламската верска ...
Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство од трагичната несреќа во Кочани. -Со исплатата вкупно се опфатени 58 семејства од починатите лица вклучувајќи го и починатиот возач на Брзата помош во Кочани, и 99 семејство од повредените лица кои се хоспитализирани во болниците надвор од нашата држава. За секое лице е исплатено 150.000,00 денари. За две семејства од починатите ...