Сопствениците на возила паркирани долж патот во Ски-центарот „Попова Шапка“ се повикуваат веднаш да ги отстранат своите возила, соопштија надлежните служби. Од 20:00 часот Ски-центарот, во соработка со Општина Тетово, ЈП „Паркинг“ Тетово и полицијата, ќе спроведе акција за чистење на патот. Непрописно паркираните возила ќе бидат отстранети од страна на надлежните служби. Надлежните апелираат за разбирање и соработка, со цел непречено одвивање ...
На Попова Шапка имаше сообраќаен хаос на почетокот на скијачката сезона изминатиов викенд. Патот не беше доволно исчистен, а големиот број возила кои се паркираат покрај ионака тесниот пат создадоа големи потешкотии во нормалното одвивање на сообраќајот. За целосно да се расчисти патот пред Попова Шапка и да се создадат услови за непречено одвивање на сообраќајот, од ЈП „Паркинг“ вчеравечер апелираа до сопственици на возила паркирани долж ...

