Каква среда во Лигата на шампионите, вечерва паднаа над 40 голови на деветте меча, а со победата над досега непоразениот Баерн Минхен, Арсенал покажа дека е тим број 1 во Европа во моментов. Топчиите од Лондон се единствени со 15 бода од пет меча во ЛШ. Атлетико со гол за победа над Интер во судиското продолжение, се погрижи на сите мечеви вечерва да има барем три гола, а и Интер го претрпе првиот пораз во ЛШ. Вечерва по лошо ќе ја паметат и во ...
Англиската Премиер лига ни го носи 13. коло кое ќе се одигра во два дена утре и задутре. Ова е рунда која ни го носи дербито меѓу Челси и Арсенал, но има и други интересни соочувања, па така ќе видиме дали Вест Хем може да ја продлабочи кризата на Ливерпул, а и како Манчестер Јунајтед ќе се справи со Кристал Палас на „Селхрст Парк“. Некогашниот напаѓач на Челси и Астон Вила, Крис Сатон кој своевремено со Блекбурн ја освои титулата во Премиер ...

