Вчера тука во Копенхаген се одржаа парламентарни избори, но не сме дојдени да зборуваме за таа тема. Тука сме за фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентацијата на Данска и репрезентацијата на Македонија. Атмосферата во градот е мирна. Времето е типично скандинавско, со просечна температура од околу 8 степени Целзиусови, слаб ветер и повремена облачност – услови кои не се невообичаени за фудбал во овој период од годината. Натпреварот ќе се ...
Предводена од новиот селектор Гоце Седлоски, македонската фудбалска репрезентација вечер во Копенхаген ќе се соочи со Данска во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство 2026. -Ова е голем момент за сите нас. Имаме шанса да се бориме за место на Светско првенство и тоа е мотив што ја обединува целата држава. Данска е квалитетен и респектиран противник, но и ние сме тука со причина. Во тимот гледам енергија, концентрација и ...
Репрезентацијата на Турција ја совлада Романија со минимални 1-0 (0-0) во првиот плеј-оф натпревар за пласман на Светското првенство и направи голем чекор напред кон учество на фудбалскиот Мундијал. Првото полувреме не понуди погодоци, иако домаќините беа тие што имаа повеќе од играта, но не успеаја да ја „начнат“ мрежата на Романците. На паузата останаа почетните 0-0, но потоа Турција влезе многу помотивирано и успеа да го скрши отпорот на ...

