ФК Силекс ги повикува сите навивачи и симпатизери да бидат дел од европскиот предизвик на клубот и да дадат силна поддршка на натпреварот против Динамо Минск, кој ќе се одигра на 16 јули во Скопје, со почеток во 20:00 часот. За таа цел, клубот организира бесплатен превоз, во кој е вклучен и билет за натпреварот. Поаѓањето е закажано во 17:00 часот од Автобуската станица во Кратово, а од клубот апелираат сите пријавени навреме да пристигнат ...
Силекс – Балкани 4:0 е исходот од пријателскиот меч кој се одигра попладнево на стадионот на Автокоманда во Скопје. Ова беше “генералка“ за кратовци во пресрет на гостувањето кај Динамо Минск во рамките на првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Интересно, се играше 4Х30 минути во договор на двајцата тренери. Стрелци на головите против косовскиот состав беа Богдановски, Хасукиќ, Донов и Николовски. Со оглед на ...
Фудбалскиот клуб Силекс ги известува свои навивачи и поддржувачи дека билетите за натпреварот од првото квалификациско коло против Динамо Минкс од Конференциската лига на УЕФА се пристигнати, а со тоа може да се пријават сите навивачи. Од клубот посочуваат дека поаѓањето за натпреварот е во 17 часот од Кратово, со што се потенцира да нема доцнење, односно сите навивачи да пристигнат навремено. Исто така, од ФК Силекс излегоа со важно ...

