Њујорк имаше девет порази во последните 11 меча, а утрово одигра меч за историја. Во „Медисон Сквер Гарден“, домаќините се радуваа на неверојатна победа од 120: 66 против Бруклин. Уште во првата четвртина Њујорк започна одлично и по првите 12 минути водеше со 38:20. Домаќините продолжија во ист ритам, посебно беа добри во одбраната и на крајот стигнаа до триумф од 54 разлика. Ова е најубедлива победа на Њујорк во клупската историја. ...
Кошаркарите на Њујорк никс испишаа историја во НБА лигата, откако во градското дерби го декласираа Бруклин нетс со неверојатни 120-66 и ја забележаа најубедливата победа во клупската историја. Никс уште од самиот почеток ја наметнаа доминацијата и по првата четвртина имаа убедливо водство од 38-20. Како што одминуваше натпреварот, разликата постојано растеше, а Бруклин целосно потфрли во финишот, каде што во последниот период постигна само ...

