Денес објавуваме еден од договорите што јасно покажува како се управуваат стратешките енергетски проекти на штета на јавниот интерес и државниот буџет, соопштија од политичката партија ДУИ. Еве го целиот договор, една од спогодбите потпишани од раководителот Бурим Латифи со компанијата „Елнос“ од Република Српска, за изградба на далноводот помеѓу Северна Македонија и Албанија. Овој договор отвора сериозни загрижености по неколку клучни ...
ДУИ повторно лаже, манипулира и ја потценува јавноста. Најевтината понуда ја претставуваат како корупција, затоа што не можат да се помират дека МЕПСО повеќе не е нивна партиска каса. Фактите се јасни: во конкретната постапка избрана е најевтината понуда. Избраниот понудувач дал цена од 184.535 денари без ДДВ, додека следнорангираната понуда била 651.165 денари без ДДВ. Разликата е 466.630 денари, односно избраната понуда е околу 72 проценти ...

