Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија и Украина во моментов се сериозно заинтересирани за преговори. Тој пред новинарите изјави дека во петокот имал телефонски разговори за ова прашање. Не откри со кого разговарал, но познато е дека во разговорот со германскиот канцелар била отворена и темата за војната во Украина. За денеска се најавени уште телефонски разговори, а следната недела се очекуваат тристрански преговори меѓу ...
Европската Унија и НАТО повторија дека претстои уште многу работа пред да се постигне праведен и траен мир во Украина. – Сите посакуваме наскоро да биде постигнат мировен договор, но претстои уште многу работа за да се стигне до тоа – предупреди портпаролката на Европската комиси комисија Паула Пињо во пресрет на средбата меѓу Москва и Киев, која со посредство на САД треба да се одржи следната недела во Абу Даби. Преговорите меѓу руската и ...
Рускиот претседател Владимир Путин потврди дека ќе присуствува на мировните преговори меѓу Русија и Украина во Абу Даби. Кремљ не ја коментираше изјавата на американскиот претседател Трамп за можен договор меѓу Киев и Москва. „Како што знаете, следната недела, во вторник, во Обединетите Арапски Емирати треба да започнат трилатерални разговори за украинското прашање. Тие постојано ни помагаат во изнаоѓањето решение за украинската криза и ...
По најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за голем договор поврзан со Украина, Русија ги намалува очекувањата. Москва досега не гледа подготвеност од европска страна за разгледување на прашањата за идниот безбедносен систем на континентот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според руската новинска агенција Интерфакс. Тој додаде дека Европејците досега не определиле ниту преговарач кој би учествувал во идните разговори. ...

