Претседателката на транспортната асоцијација „Макам-транс“ Билјана Муратовска денес беше со трнспортерите кои го блокираат граничниот премин Блаце. ТГаа за медиумите изјави дека: -Вечер од полноќ ќе се блокираат и влезовите од државата. Ќе се пропуштаат патничките возила, автобусите и доколку се појави превоз на лекови, жива стока, експлозив и муниција, се друго ќе чека додека траат блокадите. Се надевам дека од ЕУ ќе имаат разбирање, не се ...
Со блокадите сакаме да покажеме што ќе се случи после 10 април и како ќе биде прекинат синџирот на снабдување, не само во Западен Балкан туку и во Европа, рече претседателката на транспортната асоцијација „Макам-транс“ Билјана Муратовска на почетокот на протестите на граничните премини. Покрај во Македонија, се протестира и во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, а денеска кон блокадите ќе се придружат и превозниците од Турција. ...

