Валенсија и Реал Мадрид играат без голови по првото полувреме на стадионот „Местаља“. Гостите од Мадрид се големи фаворити за победа, но по првите 45 минути, мируваа мрежите на двете страни. Реал доминираше и имаше две третини посед на топка, а гостите упатија и шест путеви кон голот на Димитриевски. Три од тие шутеви одеа во рамките на голот, но Димитриевски беше одличен и ги одбрани сите шутеви. 🧤 @Dimitrievski1 #ValenciaRealMadrid ...

Реал Мадрид стигна до исклучително значајна победа на гостувањето кај Валенсија, откако славеше со 2-0 во натпревар од 23. коло на шпанската Ла Лига. Со освоените три бода, „кралскиот клуб“ сега има 57 бодови и се наоѓа на второто место на табелата, со само еден бод заостанување зад лидерот и најголем ривал, Барселона. Првото полувреме помина без погодоци, а најзаслужен за тоа беше македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски. ...