Нестабилна временска состојба попладнево зафати делови од земјава, со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во одредени подрачја. Според метеоролошките податоци, најизразена нестабилност има во планинските предели северозападно од Скопје, каде што се проследува со пообилни врнежи и грмежи. Облачното невреме се развива и во Полошкиот регион, како и во подрачјето на Овче Поле и западно од Струга, каде што се можни краткотрајни ...

Нестабилна воздушна маса попладнево и вечерва донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер во повеќе региони низ Македонија. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, облачноста се движи од север кон југ и југоисток, при што невремето зафати повеќе градови и планински подрачја. Првите врнежи биле регистрирани во Кичево, каде попладне имало пороен дожд проследен со грмежи. Набргу потоа нестабилноста се проширила во планинските ...

Повеќе делови од Македонија вечерва се зафатени од нестабилно време со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а локално и со појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Невремето се движи од северозапад кон југ и југоисток, а метеоролозите предупредуваат дека на одделни места се можни поинтензивни врнежи и електрични празнења. Првично бил зафатен Кичевскиот регион, каде во попладневните часови имало пороен дожд и грмежи, по ...

Силно невреме проследено со пороен дожд, град и силен ветер го зафати западниот дел на Србија, предизвикувајќи поплавени улици и сериозни проблеми во сообраќајот. На Златибор за кратко време наврна голема количина дожд и ситен град, поради што дел од улиците беа целосно под вода. Автомобилите со тешкотии се пробиваа низ улиците, кои на одредени места достигнуваа висина над тркалата. Невремето го погоди и Ужице, каде временските услови нагло ...