Македонскиот ракомет поставува нови стандарди во третото по ранг натпреварување на Европската ракометна федерација. Трофејот од ЕХФ Купот останува во нашата држава, но се сели од Скопје во Охрид! Македонија одново е горда на уште една своја ракометна екипа, која во клупските витрини од вечерва ќе има трофеј од големата меѓународна сцена. Екипата на ГРК Охрид го запиша најголемиот успех во клупската историја. Во големото финале од ЕХФ Купот ...
Ракометарите на Охрид го освоија ЕХФ Европскиот куп, откако вечерва во салата „Билјанини Извори“ ја победија Татабања со 31-25 во реванш-финалниот натпревар. Охриѓани до првиот трофеј во својата историја, и тоа европски, стигнаа со двојна победа, бидејќи славеа и на првата средба во Унгарија со 29-28. Македонскиот тим доминираше пред домашните навивачи, иако на полувремето имаше минимална предност од само 12-11. Најголем „виновник“ за тоа ...

