Шест лица, од кои четири жени, беа застрелани денеска во младински центар во германскиот град Штад, на околу 30 километри западно од Хамбург. Полицијата соопшти дека се приведени три лица во врска со пукањето, меѓу кои и осомничениот напаѓач. Осомничениот и другите лица беа уапсени кратко по инцидентот. Околностите на ова злосторство во моментов се истражуваат. Како што може да видите зад мене, увидот е во тек со повеќе полицајци на лице ...
Портпаролот на локалната полиција изјави дека истражителите веруваат дека „не станува збор за фемицид, ниту пак дека случајот вклучува политичка позадина или нешто слично. Напротив, станува збор за трагедија на пошироко семејство“ Четири жени и двајца мажи се убиени во пукотница во дом за социјална помош за млади во северна Германија, соопшти полицијата. Уапсени се две лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач. Инцидентот се случил вчера ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази сочувство откако шест возрасни лица вчера беа застрелани во установа за социјална помош за млади во северниот град Штаде, јави ДПА. „Веста од Штаде е длабоко шокантна“, напиша Мерц на Икс, додавајќи дека многу луѓе „кои сакале да им помогнат и да ги заштитат другите биле убиени или повредени“. „Моето сочувство е до жртвите и нивните семејства“, рече тој, исто така заблагодарувајќи им се на полицајците ...
Пет лица загинаа, а повеќе други се повредени во вооружен инцидент што се случи во германскиот град Штаде, соопшти локалната полиција. Според официјалните информации, жртвите се возрасни лица, а бројот на повредени сè уште не е прецизиран. Полицијата потврди дека се уапсени двајца осомничени, меѓу кои и лицето за кое се верува дека го извршило пукањето. Инцидентот се случил во објект за грижа и поддршка на млади лица во градот, а германските ...

