Екипата на Младост Богданци забележа уште една победа во подготвителниот период за вториот дел од сезоната во Првата ракометна лига на Македонија. По триумфот над Тиквеш од пред неколку дена, денеска момците на Горан Андоновски славеа над уште еден суперлигаш. Во Богданци совладан беше тимот на Еурофарм Пелистер 2 со 33-30 (17-14). По победите над Кастриоти и Пролет, Бутел Скопје запиша трета победа на пријателските натпревари. Момците на ...

Ракометарите на РК Младост 1977 на импресивен начин ги завршија подготвителните натпревари пред стартот на вториот дел од сезоната, остварувајќи две победи од исто толку натпревари против силни суперлигашки противници. Екипата од Богданци најпрво славеше на гостувањето кај ГРК Тиквеш со 36:33 (20:17), а потоа на домашен терен беше подобра и од РК Еурофарм Пелистер 2 со 33:30 (17:14). Во двата натпревари, Младост 1977 прикажа доминантна и ...