Камала Харис е ќерка на имигранти. Нејзината мајка е од Индија, а таткото од Јамајка. Таа беше окружен обвинител на Сан Франциско, а потоа и државен обвинител на Калифорнија. Во 2016 година стана втората црна жена избрана во Сенатот на САД. Ако стане кандидатка на демократите, се очекува да води жестока дебата со Трамп за низа прашања од внатрешната и надворешната политика Американската потпретседателка, Камала Харис, би можела да стане првата ...

Расте неизвесноста пред претседателските избори во САД. Претседателот Џо Бајден се откажа од трката за нов мандат во Белата куќа и ја поддржа потпретседателката Камала Харис, моменталниот фаворит на партијата, за номинација на августовската конвенција во Чикаго. „Не сум изненаден. Ние сме поделена земја и жал ми е поради тоа. Се надевавме дека тој ќе ни донесе единство, но не излезе така“. „Многу луѓе не се залагаат за Камала Харис, веројатно ...