Особено драматичен беше крајот на регуларниот тек од мечот. Најпрво во 92. минута им беше поништен гол на Сенегал, а брзо потоа беше свирнат лесен пенал за Мароко. Селекторот ги собра сенегалските фудбалери им нареди да го напуштат натпреварот, тие заминаа накај соблекувалната, но капитенот Садио Мане ги викна да се вратат. Неговата мисија успеа, Сенегал се врати. Пеналот зема да го изведува Брахим Дијаз, сакаше да се направи фраер, шутна ...

Сенегалските фудбалски репрезентативци и тренери би можеле да бидат суспендирани од четири до шест натпревари поради нивниот протест за време на финалето на Африканскиот куп на нации против Мароко што заврши со 1:0. Според шпанскиот весник „AS“, доколку санкциите бидат одобрени, дисквалификацијата би се однесувала на натпреварите од групната фаза на Светското првенство во 2026 година. Понатаму, според прописите на турнирот, Сенегал се соочува ...

Селекторот на репрезентацијата на Сенегал, Папе Тијав, откри дека одлуката неговиот тим да го напушти теренот за време на финалниот натпревар на Африканскиот Куп на нации била емотивна и донесена во хаотичниот момент на мечот против Мароко. Сенегал славеше со 1-0 по продолженијата и го освои трофејот, но натпреварот беше запаметен по контроверзните сцени во завршницата. Поради спорна одлука на судиите, кои доделија пенал на Мароко веднаш ...