Собранието денеска едногласно го избра Адем Чучуљ за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). За него гласаа сите 82 присутни пратеника. Чучуљ е актуелен генерален секретар на Антикорупциската комисија во која работи 19 години. Тој доби највисоки оценки од Комисијата за селекција на кандидатите – 96,5 бодови. Дипломиран правник е, со положен правосуден испит. Од вкупно 13 пријавени кандидати на огласот, беа ...

Враќање на интегритетот на Антикорупциската комисија, транспарентност и поголема доверба во институциите – но и поправка на оценките што Македонија ги добива од Брисел. Вака ги постави приоритетите новоизбраниот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, Адем Чучуљ, кој денеска и официјално ја презеде функцијата со свечена заклетва во Собранието. „Ќе се залагам за дигитализација, за превентивните алатки. Во фаза сме на ...