По повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март, денеска во Собранието се одржа седница на тема „Правата и можностите на жените – достигнувања и перспективи“. Покрај претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на седницата се обратија и: Африм Гаши, претседател на Собранието, пратеничките Моника Зајкова, Дијана Тоска, Даниела Белимова, Калтрина Беќири и Јована Мојсоска, пратениците Фатмир Битиќи и Љупчо Пренџов и генералната секретарка на ...
Шокира фактот дека во 2025 имало 4 745 пријави за семејно насилство и шест случаи на убиство, а за два месеца во 2026 – веќе четири случаи на фемицид. Овие алармантни бројки се слика на општество во коешто е загрозено најосновното човеково право – правото на живот. Не цитирам статистика, туку нотирам пораз на институционалната превенција и навремената акција. Зад бројките се кријат животни приказни, семејни трагедии, неостварени соништа. Ова ...

