да се биде човек е драматично Чисто за разонода, пред огледалото во ходникот, го пробува својот среќен свечен фустан и по којзнае кој пат ми раскажува за музичката матура, за професорката Мадам Ничота која ставала кајсија на лицето и не била за фамилија и како ја пофалила кога ги заборавила нотите и продолжила да свири. Материјалот на риги сино, бордо, бело ѝ го крие искривеното тело. Некаде среде поле олеандри близу јужната граница лежат ...

Скопје, 20 октомври 2023 (МИА) - Во Скопје вечер ќе биде промовирана поетската книга „Во хаосот радост“ од авторката Калиа Димитрова. За книгата со авторката ќе разговара писателката Румена Бужаровска. Уредничка на книгата е Душица Лазова, а дизајнот е на Кристина Атанасова. Во „Хаосот радост“ е втора поетска збирка на Калиа Димитрова, чија дебитантска книга „Вештерките денес“ излезе од печат во 2018, во издание на издавачката куќа „Темплум“. ...