Покрај концертот на Бланко, вечерта свој настап во живо ќе има и балканскиот RnB крал DZIPSII, познат по неговата автентична музика со која секогаш остава јасен личен печат. По концертот ќе следува диџеј сет со домашната перформанс артистка, Ивана Драгшиќ, одгледана во подемот на скопските подиуми од доцните 90-ти прво како обожавателка, потоа како радиоводителка, па диџејка. МИКИ БЛАНКО е познат уште од раните изданија и деби албумот Mykki ...

Во текот на 1980-тите и на почетокот на 1990-тите, Чемерски често престојуваше во Париз, каде што беше застапуван од галеријата Galerie du Fleuve (1983 – 2003). Постојано присутен на тамошната ликовна сцена, во тој период Чемерски реализираше повеќе изложби во таа галерија. Најголем дел од цртежите и гвашевите претставени на оваа изложба се неизложувани дела, интимни формати од колекцијата на Galerie du Fleuve, создадени во тој период. Глигор ...

Иницијативата Спознавање го објавува своето четврто културно списание во петок (31.05) во Лабораториум со почеток од 19:00 часот. На едногодишнината на Спознавање ќе има изложби на Дорина Тенева и Druidic Strings, фотографски книги на Никола Јовановиќ и Здренко Петровски, базар со локални креативци како Акреа, Pixie Crochet, MadeOfSpit и плакати изработени од Партизан Штампа од ситопечат и други. Додека од 22:00 започнува концерт од нашите ...

Македонските уметници Драгана Заревска и Ѓорѓи Десподов на 3-ти јуни ја отвараат својата соло изложба “A Girl Named Work” (“Девојка наречена Работа”) во галерија Цејла во Брно, Чешка. Изложбата прикажува долгорочна соработка помеѓу двајцата уметници, а инсталацијата е изработена во периодот помеѓу март 2023 и мај 2024 и претставува трилогија базирана на три поеми од Заревска – “Кралица на Нешто”, “Маргарет” и “Иднината на работата”. Посетителите ...

Формирани во 2020 година, KEM брзо се пробија на македонската рап музичка сцена. Нивниот дебитантски албум, „Columba Noachi,“ понуди нов осврт на македонскиот хип-хоп, освојувајќи ги слушателите со својот уникатен спој на стилови и длабока лирика. Разновидноста на групата блесна со нивниот сингл „ЗАВИСТ“ кој воведе интересна електронска димензија во нивниот звук, проширувајќи ја нивната уметничка палета. KEM настапија во живо и на ХОТЕЛ ...

Проектот ECHO CURVE се реализира преку соработка на три организации – Здружението на уметници „EXP Projekat“ (Нови Сад, Србија), Здружението за современа уметност и кураторски практики „Проектен простор Прес ту егзит“ (Скопје, Северна Македонија) и Автономниот културен центар „Attack“ (Загреб, Хрватска). Проектот е поддржан од швајцарската влада, во рамки на проектот „Култура за демократија“, кој го спроведува Фондацијата „Heartefact“. Кои се ...

Во рамки на настанот со концертни и диџеј настапи ќе се претстави дел од македонската музичка сцена составена од млади и талентирани автори и изведувачи, чии квалитет и творештво е јадрото на домашната современа урбана култура. Програмата ќе се реализира на две локации. Преку ден во кафе барот Јагода од 12 до 16 часот, на битолскиот широк сокак ќе се промовира ПОП КУЛТУРА – винил компилација посветена на современата поп продукција од млади ...

Компилацијата претставува значаен историски документ и запис за времето и квалитетот на македонската поп музичка сцена на докажано најквалитетниот носач на звук и сѐ уште најценетиот во светот на музиката (винил), што е куриозитет на домашната сцена. Компилацијата опфаќа селекција песни од најрепрезентативните млади автори на македонската поп музичка сцена: Аудио Цигла (Audio Cigla), Миа Перевска (Mia Perevska), Дина Јашари (Dina Jashari), ...

Меѓу новитетите од 2024 година, „Пионери го најавуваат почетокот на новиот циклус настани во галеријата: „ A fancy evening affair“. Изложбата ќе опфати мали презентации кои не само што ќе ги изложат делата на уметниците, туку и ќе им дадат можност на присутните да се запознаат со уметникот, да уживаат во нивната работа и да споделат прекрасна вечер со чаша шампањ. Ве покануваме да ни се придружите на отворањето, на 28 март, во 20 часот, да се ...

Дебитантската стихозбирка „Песнило“ од младата поетеса Ива Петреска ќе биде промовирана в среда, 27 март, со почеток од 20:00 часот во „Кафе Лаб“ („Лабораториум“) во Скопје. Збирката низ разговор со авторката ќе ја претстави Јулијана Величковска, а настанот ќе биде збогатен и со изложба на фотографии од Колевски. ‒ „Песнило“ пее за сите нешта што се чувствуваат на кожата, што ежат, што горат, што оставаат лузни, а потем сече, слој по слој, со ...

🛸 Europe House Битола најавува работилница за електронска музика, што ќе се одржи на 13—14 април, во нивните простории во Официрскиот дом. ⛓️ Работилницата ќе ја води интернационално етаблираниот артист Александар Гроздановски – Herzel и Еми Ермилова во улога на асистент, која креативниот вртлог од звуци го преточи во автентичен визуелен идентитет, а учесниците ќе имаат можност да се запознаат со: ▪️ основите на електронската музика ▪️ ...

Со шест настани за возрасни и еден за деца, КЦ Бруталиск организира тематска недела 04-11 март 2024 низ која посетителите ќе можат да уживаат во содржините посветени на жените. Неделата завршува со хуманитарен настан за донации за Леноид и Тара, викендот е исполнет со стенд-ап, промоција на книга со пет македонски поетеси, детска работилница и два настапи на локални диџејки, а започнува со традиционалниот вторнички квиз овојпат наречен „Женски ...

На 1-ви март, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена самостојна изложба на светски познатиот уметник Јонас Стал – „Станица Пропаганда“. Холандскиот уметник, кој ќе биде специјален гостин на музејот е препознатлив по истражување на односот помеѓу уметноста, пропагандата и демократијата, а неодамна ја доби и престижната награда за визуелни уметности „Prix de Rome“. Кураторка на изложбата е Ивана Васева. Еден од ...

Присуството е бесплатно, но можете да го поддржите фестивалот со тоа што ќе си купите „карта-стикер“ денес после 18:00 часот во КОТУР, Old School, Mikropub како и со донации на самиот настан. На целодневниот фестивал ќе можете и да си купите мерч од сите бендови кои ќе настапуваат, а и другите бендови на Гола Планина. 03.03 // 12.00 // Градски Парк, Лепеза. Настапуваат: АТА @atakizum Црно Собрание @crnosobranie Conspiracy @conspiracy.mk Ендемски ...

Марчело е познат по своите ангажирани текстови и екстатичен сценски настап. Како музичар, настапува повеќе од дваесет години, стекнувајќи репутација на еден од најпознатите регионални хип хоп артисти. Роден во Парачин, 1983 година, Марчело ја започнува својата кариера како дел од демо групата “Rhyme Animal” во 1999 година со кои бележат успешни настапи по градовите низ Србија. Во ноември 2003 година излегува неговиот деби албум “De Facto” за ...

Настанот започнува во 18:30 во кафе-книжарницата „Буква“. Првиот дел од настанот, кој започнува во 18:30, е претставувањето на романот „Ронлива“, во 20:00 започува Поетската епизода, а во 22:00 часот ќе започне свирката на „Кенопсија“. Во текот на целата вечер во „Буква“ ќе биде поставен и штанд на младинската креативна платформа „Спознавање“ каде што ќе може да се купат нивните списанија. Романот „Ронлива“ е првиот дебитантски роман на младата ...

„Дали ова е живо?“ е албум снимен во живо, на 14.12.2023 во Дали Апартментс, Скопје. Како дел од двегодишниот каталог на Vagina Corporation, се појавува и ова дело кое ги надминува границите на нормален мултимедиски проект, претставувајќи еден удар кон нормалните пристапи и еден обид да се пробие низ завесата на конвенционалното музичко творештво. Музичкиот аудио-албум и 50-минутниот филм претставуваат еден манифест на новиот бран на македонска ...

Софија е битолска режисерка, активистка и стенд-ап комичарка која што зад себе има богата кариера со претстави со домашни и странски театри, а релативно скромна бројка на стенд-ап настапи. А, прашање е во што е подобра, бидејќи, ако театарската критика е со пофалби за нејзините претстави, тогаш треба да види и што Софија може да направи пред микрофон! Таа веќе долги години работи во Битолски Театар каде последна ја режираше „Вујко Вања“ од Чехов ...

Во понеделник, 5 февруари 2024 година во Галеријата на Младинскиот културен центар во 20 часот ќе биде отворена изложбата “НАД БЕСКРАЈОТ НА СТЕНИТЕ” на Зоран Лазаревски. Зоран Лазаревски е роден 29.07.1949 година во Скопје. Завршил училиште за применета уметност „2 Август“ во Скопје 1965-1970 година. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград 1975 година, во класата на професор Марко Крсмановиќ, отсек ликовна графика. Член на ДЛУМ ...

Стефан Алијевиќ, со збирката раскази Вечерен автобус, е еден од добитниците на регионалниот книжевен избор Штефица Цвек во 2023 година, која се доделува на автор(к)и што пишуваат ангажирана феминистичка и квир книжевност. Како што навестува и самата селекција, фикционалниот свет на расказите на Алијевиќ го населуваат плејада маргинализирани ликови, чии испреплетени приказни, со својот често трагичен тон, ја отсликуваат бруталната реалност во ...

За оние кои не ја знаат, Зарина Првасевда е дел од македонската независна културна сцена и е изгласана за најдобар нов талент на „UPBEAT“, првата европска платформа на showcase фестивали. Платформата ги наградува најдобрите европски артисти кои допрва доаѓаат. Од 10 номинирани кандидати во категоријата преку јавно гласање на ниво на Европа беше избрана Зарина Првасевда. Таа вели дека до вакво признание се стигнува со многу работа, верба, љубов ...

Галеријата „Пионери“ со гордост ја претставува талентираната апстрактна сликарка Мила Добревска на нивниот следен поп-ап настан што ќе се одржи во Барселона на 1-ви февруари. Изложбата ќе може да се види во текот на месец Февруари. Мила Добревска е современа визуелна уметница која експериментира и ги комбинира техниките на мозаик, сликарство, скулптура и тактилни/текстилни материјали. Нејзиниот уникатен уметнички израз, кој ги спојува ...

Иницијативата „Спознавање“ го објавува своето трето културно списание во сабота (27.01) во Лабораториум со почеток од 19:00 часот. Новото издание има интервјуа со музичари од Балканот како Свемирко, но сепак го задржува фокусот на македонските музичари како Искра, Кем и други. На самиот настан ќе има изложби од Мила Добревска, Јана Танчевска и Марта Патлиџанковска, инсталација од Партизан Принт, фотографски книги на Никола Јовановиќ и Иво ...

СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ е платформа креирана од дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“ од Скопје, со мисија да детектира, ангажира и промовира квалитетни автохтони младински движења, музички бендови, диџеи и поединци од Македонија. Активностите на платформата се во организација на дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“ и здружението „Крај Вардарот“. Концептот на платформата е да ги препознае прогресивните и креативни млади луѓе, кои со своето творештво и ...

„Се тресеме. Сите заедно. Се тресеме од студ, се тресеме од неизвесност…. се тресеме од извесност. Се тресеме од туѓите избори, од памет нѐ вадат нашите избори. Се тресеме 12 години со НАШИОТ ЗЕМЈОТРЕС, се тресеме елегантно, ма прекрасно се тресеме. Скопје е трусно подрачје, совршена сцена за урбана зомби апокалипса во континуитет. Па се тресеме во континуитет Се тресеме во ритмот на музиката, кожи наежени, младост подготвена да експлодира низ ...

Англискиот препев на „Црно сонце“ од Ацо Шопов е првата песна на новиот музички проект „Ветрило“, снимена во чест на стогодишнината од раѓањето на македонскиот поет, преведувач на поезија и редовен член на МАНУ. Музиката е на Верица Андреевска и Дејан Спасовиќ, а во изведбата им се придружуваат Кирил Бабамов, Верица Недеска и Круме Стефановски. Тонски снимател е Ивица Јанкуловски (Студио Алшар), кој го работеше и аудио миксот и мастерингот на ...

Петдневната работилница ќе се одржи на 16, 17, 18, 22 и 23 јануари, а наменета е за млади од 15 до 19 години. Локацијата на работилницата е во дворецот Лабораториум, а од „Duma in suma“ велат дека наместо гласник, праќаат формулар до млади кои сакаат да се пријават на работилницата под менторство на компаратистките Ивана Смилевска и Марија Бошковска. „Ако правиш пиши-бриши, кликаш и сликаш, пишуваш и си главна/главен со мимови во чет-групите, ...

Дали насловов звучи помалку чудно ако ви кажеме дека тој град е во Калифорнија? Градот е Серо Гордо, рударски град кој во периодот од 1866 до 1957 година произведувал најмногу сребро, олово и цинк, а во помали количества и злато и бакар. Дечкото е Брент Андервуд, американски претприемач кој бил сопственик на хостел во Остин, Тексас, како и автор на книгата „I’m putting my foot down”. Книгата ја „напишал“ со цел да докаже колку е лесно да ...

View this post on Instagram A post shared by Memes To Discuss In Therapy (@memestodiscussintherapy) View this post on Instagram A post shared by jordan✨ (@ocd_and_positivity) View this post on Instagram A post shared by Memes To Discuss In Therapy (@memestodiscussintherapy) View this post on Instagram A post shared by 𝐆𝐨𝐨𝐝𝐠𝐢𝐫𝐥𝐰𝐢𝐭𝐡𝐛𝐚𝐝𝐭𝐡𝐨𝐮𝐠𝐡𝐭𝐬 (@goodgirlwithbadthoughts) View this post on Instagram A post shared by ...

На последното издание за оваа година поезија ќе настапат поетите Николина Андова Шопова, Емануела Ковачевска Китановска, Драган Атанасов, Милена Сиљановска и Никола Наумовски, Дарија Јовановска, Андреј Анѓеловиќ и Вероника Димоска Настанот ќе го модерираат Ивана Јовановска и Андреј Медиќ Лазаревски, а е организиран со поддршка на Europe House Скопје. Воедно, ова е и последен настан на „Култура Бета“ за оваа календарска година со што и се затвора ...

Скопје

16ᴼ/16ᴼ
3.09
36%
1018

Белград

14ᴼ/12ᴼ
1.54
59%
1020

Софија

15ᴼ/12ᴼ
8.23
47%
1017

Сараево

17ᴼ/17ᴼ
7.93
35%
1016

Љубљана

16ᴼ/11ᴼ
1.03
81%
1018

Атина

24ᴼ/22ᴼ
4.12
45%
1013

Тирана

19ᴼ/19ᴼ
2.06
45%
1016

Подгорица

21ᴼ/17ᴼ
1.54
36%
1017
Currency

61.5333

Currency

55.0441

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.841

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.59418

Currency

0.38477

Currency

0.52571

Currency

1.61635

Currency

0.65951

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

546752 $

Рутениум

14726 $

Калај

33 $

Сребро

1009 $

Злато

85105 $

Бакар

9 $

Паладиум

31672 $

Платина

31536 $

Родиум

152733 $

Цинк

98882 $