Утре, со почеток од 15 часот ќе се одржи базар организиран од Yes for less и REД во соработка со културниот центар ShortBus и новоотворената продавница и работилница гардеробé. View this post on Instagram A post shared by Yes for Less | Еколошки навики 🌿 (@yesforless.mk) Базарот ќе се одржи на терасата на ShortBus, во периодот од 15 часот до 20:30 часот. Таму ќе можете да најдете разнолика облека, а на базарот може да се пријават и учесници ...
Независниот музички издавач Шарла Рекордс продолжува со одбележување на 10-годишнината од своето постоење со нова концертна промоција во музичкиот бар Ла Кања. Повод за следниот од серијата настани ,,Шарла – 10 лета околу” е неодамна излезениот деби албум на скопската кантавторка Хана Корнети. Оваа мултиталентирана девојка веќе ѝ е позната на книжевната јавност со својата збирка раскази ,,Млечни заби”, а во музичките води влегува со албумот ...
ЕГЗИТ и Општина Струмица за 7 септември подготвуваат спектакл кој го предводат Џон Њуман, Бурак Јетер и Констракта, а сега им се придружуваат Ван Гог, Џамбо Агушеви Оркестар, Лана и „Д Георс“. Овие одлични изведувачи за време на маратонската забава на посетителите ќе им донесат разновиден звук – од соул, поп и рок, преку најголемите глобални хитови, до музика на светот и техно! Струмичкиот Get EXITed го организира тимот на ЕГЗИТ во соработка со ...
Новиот сингл на кичевскиот метал бенд „Inner Hate“ е „Vengeance will be mine“. Моќен риф, енергичен ритам и мрачен вокал склопени во композиција која е олицетворение на духот на денешното општество. Гневот, бесот, неправдата со која секојдневно се соочуваме претставени во еден уметнички аудио израз преку кој се твори истовремено за стравот и надежта, омразата и храброста, принципите и беззаконието, вечната борба помеѓу две тврдини, два фронта, ...
Имаше едно време во бивша Југославија кога студенти од Блискиот Исток и од Неврзаните доаѓаа да студираат на тамошните универзитети. Не беше тоа случај само со Југославија туку со сите социјалистички земји во регионот. Беше тоа време во кое се случија многу пријателства и љубовни врски што го променија животот на многу млади луѓе. На ова време ме потсети документарниот филм „Помеѓу револуциите“ на режисерот Влад Петри, што ќе биде прикажан на ...
Анкетите кои се спроведуваат почнувајќи од 2012 година, во рамки на континуираниот проект The female:pressure FACTS ја покажуваат родовата распределеност на артисти кои настапуваат на музичките електро фестивали низ целиот свет. Од запрепастувачки ниската бројка од 9% во 2012, денес учеството на жените артистки и диџејки на овие фестивали во светот е покачено на скоро 27%. Учеството на жените и небинарните луѓе на музичката сцена на глобално ...
„Obscure” e динамичен колектив посветен на негување и промовирање на талентите на нови бендови и артисти од нашата енергична, локална музичка сцена. Оваа возбудлива иницијатива има за цел да обезбеди платформа за новите артисти, овозможувајќи им да процветаат и да достигнат нови височини во нивните музички патувања. Заокружете го 19 август во вашите календари! „Obscure” го најавуваат нивниот прв настан. Придружете им се во „Бруталиск“ додека ...
Зошто мурал? Со овој отворен конкурс, Центар – Јадро ја продолжува иницијативата за изработка на темпорални мурали кои ќе бидат изработувани на фасадата на центарот преку кои ќе се промовира уметноста во јавен простор а менувањетото на изгледот на фасадата ќе го истакне и промовира отворениот модел на инстиуцијата како простор во којшто постои плуралност на идеи и изрази. Насоки за конкурсот: КСП ЦЕНТАР – ЈАДРО е прв пример на модел на ...
Оваа година по петнаесетти пат ќе се одржи мултимедијалниот фестивал „БОШ“ во Гевгелија. Во текот на 18 и 19 август Гевгелија ќе се наполни со театарски претстави и перформанси, музика, поезија, филмови и видео арт, изложби, работилници и други форми на интердисциплинарни и неконвенционални уметнички случувања. Влезот на сите настани е бесплатен, а програмата ви ја презентираме во продолжение. Првото издание на БОШ ФЕСТИВАЛ се случи во 2009 ...
Кажи ни нешто за себе. Јас сум Матеј, млад продуцент/DJ од Скопје кој се води под уметничко име DamageControl. Главно ме влече хипхопот и тоа се одликува многу добро во мојата музика. Ме инспирира секојдневието и поедноставните аспекти на животот. На мои 17 години немам многу доживеано, но тоа што го имам мислам дека добро го претставувам во своите творби. Како почна да се занимаваш со музика? Почнав да се занимавам со музика пред околу 6 ...
Песната се вика „Nsera“, збор кој на јазикот бамбара значи „дестинација“, а оваа песна е ода за шаренилото, луѓето и пејзажите на Мали, земјата каде се зборува овој јазик и татковината на Фатумата Диавара. Секој кадар од спотот прекрасно прикажува едно од многуте лица на Мали и Африка: запален споменик кој нѐ потсетува на архитектонското наследство на земјата загрозено од граѓанска војна, крвава фудбалска топка која го навестува на смртоносното ...
View this post on Instagram A post shared by @kiplines View this post on Instagram A post shared by John (@angrier_vet_) View this post on Instagram A post shared by Employed AF (@iamemployedaf) View this post on Instagram A post shared by Sociaty (@sociaty) View this post on Instagram A post shared by We Love Opossums ❣️ (@we_love_opossums_07) View this post on Instagram A post shared by The Funny Introvert (@thefunnyintrovert) View this ...
Soulcatcher (2.8.2023) Возбудливиот трилер, кој ќе биде достапен од 2 август, ја следи приказната за воен градежен работник кој ќе биде најмен да го најде и врати опасното оружје кое има моќ да ги претвори луѓето во подивени убијци. Но, кога неговиот брат ќе стане жртва на оваа направа, тој ќе тргне во потрага по одмазда со цел да ја задоволи правдата. Poisoned: The Dirty Truth About Your Food (2.8.2023) Ви го препорачуваме и овој документарен ...
Belau (Петер Кедвеш и Кристијан Бузас) е бенд кој се обидува да обезбеди засолниште за современиот човек преку нивната музика – претставувајќи го патот до самосвесност низ длабочината на поединецот – правејќи модерни и елегантни електронски битови со копнежливи текстови како утеха на умот. Засекогаш инспирирани од основните елементи на природата, особено од бескрајното море. Дуото имаше многу меѓународни успеси. Во последните години тие ...
На ден 20.7.2023 (четврток) ќе се одржи промоција на првата стихозбирка на младиот поет Васил Ханџиски во кафе-книжарница ,,Буква” со почеток во 20:30. Промотор на стихозбирката ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, а пред официјалниот почеток на промоцијата ќе има DJ сет на Емили. „Дебитантската поетска збирка на младиот поет Васил Ханџиски е сложувалка од теми посветени на првите искуства на секој млад човек, првите љубови и разделби, првите средби ...
За Dazed тој изјави дека неговите фотографии ја сведочат подземната сцена на „слободни журки“ и заедницата во која тој ја нашол својата слобода и неговото избрано семејство. Иако се црно-бели, овие фотографии зрачат со живот. Тој вели дека фотографиите во боја често може да го задржат вниманието на гледачот, наместо да го посочат она што фотографијата суштински го прикажува: енергијата, бунтовноста и пулсирачката оживеаност на младите рејвери. ...
Малиот паркинг зад зградите во тивката населба во Солун беше празен и тивок кога одненадеж се слушна како 1.000 фустани симултано да се кинат, проследено со серија светлини, и од никаде двајца лежеа на него. Тој во неговите сомот пантолони и син шетланд, а таа во своите фармерки со коцкести задни џебови и зелена ролка. – Успеавме? – рече таа додека лежеше и полека ѝ дозволуваше на еуфоријата да ја замени збунетоста… – Да – рече тој – според ...
View this post on Instagram A post shared by A.J Hamilton (@thetogfather) View this post on Instagram A post shared by A.J Hamilton (@thetogfather) View this post on Instagram A post shared by A.J Hamilton (@thetogfather) View this post on Instagram A post shared by A.J Hamilton (@thetogfather) View this post on Instagram A post shared by A.J Hamilton (@thetogfather) View this post on Instagram A post shared by A.J Hamilton (@thetogfather) ...
Излегувањето на третиот албум со наслов „Си нацртав живот“ во текот на 2021 година веќе јасно го исцртува патот по кој тргнале момците од „21 век“. Бендот што функционира во најелементарниот рок-формат, односно вокал, гитара, бас и програмирање (место тапани) низ своите три досегашни албуми докажува дека длабоко навлегле во суштината на музицирањето, и воопшто на потребата за музичко изразување. Едноставни и природни во својот однос кон ...
Пријателите ја познаваат како Евгенија Здравевска, а пошироката јавност ја запозна како Зарина Првасевда со нејзините извонредни вокални можности и квалитети. Нејзиниот прв концерт, одржан на 15 април во големата сала на Филхармонија, беше прекрасно патување низ традиционалната музика на Балканот, изведувајќи песни на неколку јазици. На патувањето беше придружена од оркестар со врвни музички изведувачи, а настапија и нејзини музички пријатели, ...
Во овој разговор, фокусот го ставивме токму на наградената драма што допрва треба да го започне својот театарски живот. Секако, не можеме (и не смееме) да ја заборавиме нејзината претходна работа. За драмата „5:17“, Ана доби меѓународно признание од ИТИ УНЕСКО во 2014 година. Овој текст беше избран како еден од шесте нови драмски текстови во Европа, кои ги карактеризира иновативен стил на пишување и беше сценски претставен на Форумот за ...
Во организација на Здружението на џез-музичари на Македонија во Џебното кино во МКЦ, на 27 мај, со почеток во 13 часот, ќе се одржи јавна дебата на тема „Џезот како алатка за културен и интелектуален просперитет на македонското општество“. Меѓу учесниците на дебатата е и Сашо Поповски, основач и директор на „Џез фабрика фестивал“ – Битола. Вие сте еден од учесниците во дебатата за џез-културата како организатор на „Џез фабрика фестивал“ во ...
Фантастичен список на соработки со светски познати музичари има Џијан Емин зад себе. На списокот се Дерик Меј, Хуан Аткинс, Џеф Милс, Франческо Тристано, уметници – добитници на Оскар и на Греми, а минатата година настапи и со светската џез-легенда Курт Елинг. Многубројни се и неговите концерти како диригент и аранжер со оркестарот на Филхармонија. Активен е и на домашната џез-сцена како член на Здружението на џез-музичари и слободни уметници ...
На прославата на Светскиот ден на џезот оваа година беше промовиран новиот џез-ансамбл „Off Ground Ensemble“. Станува збор за 12-член ансамбл, а креативната иницијација за неговото формирање потекнува од Антоние Весковски. Кој стои зад идејата за основањето на ансамблот и со какви мотиви? – „Off Ground Ensemble“ како идеја и иницијатива започна со желбата за реализација на една моја композиција насловена „Scent Suite“, која е составена од девет ...
На изложбата ќе бидат презентирани уметнички дела создадени без визуелни граници, со можност преку Брајовото писмо, лицата со оштетен вид да ја доживеат уметноста на поинаков, единствен и моќен начин. Со допирање на површината на платното, ќе се откријат зборови, цитати од македонската поезија, кои ќе ја направат конекцијата меѓу зборот и сликата, делото и замислата. Сликите се изработени во техника акрил на платно, а проектот е поддржан од ...
Сандра Костовска има мошне шарен образовен профил. Дел од своето образование го стекнала во Русија, а потоа во Скопје, во Охрид и повторно во Скопје. Tаа е основачка на брендот Paper Box – онлајн платформа каде што сите графички дизајнери, архитекти и уметници можат да ги пласираат своите дела. Почетна инспирација за ваквиот бизнис е љубовта на Сандра кон сè што е хартиено, практично, декоративно… кон кутиите, пред сè. Paper Box e особено ...
Во април годинава беше отворена големата изложба „Jean-Michel Basquiat: King Pleasure“ во Челси, Њујорк, организирана од семејството на Баскијат, кое се грижи за неговиот имот и бренд, и поради популарноста што ја има изложбата и извонредната посетеност, таа ќе биде отворена до неодредено време односно додека постои интерес кај публиката. Иако Баскијат починал млад во 1988 г. на 27-годишна возраст, се чини дека интересот за него и за неговата ...
Покрај „Mr. Barber“ сум поминала илјадници пати. Нивната берберница се наоѓа во Центарот на Скопје, веднаш до паркот СФ. Иако секогаш ме привлекуваше нивниот светол дуќан што често е полн со луѓе, немав некоја особена интеракција со нив, со оглед на тоа дека не сум нивната целна група 🙂 Сепак, се решив да ги исконтактирам за интервју, бидејќи и јас, како и многумина други, сум подложна на менталитетот дека ретко нешто „вирее“ на нашава ...
За прв пат, минатата година, домашната публика од сите генерации беше раздвижена од дебитното издание на еден поинаков фестивал, налик на светските субкултурни конференции. Фестивалот за јапонска култура, наречен „Нихон-џи“, привлече голем број на посетители од сите сегменти на заедницата, и на огромно задоволство на организаторите, поттикна и уште едно, подобрено и пообемно издание кое оваа година ќе се одржи на 27 мај во Национална галерија ...
„Допирна Точка“ е колектив од млади креативци и љубители на културата и уметноста во Македонија коишто сакаат да им овозможат прилика и платформа за изразување на уметниците, преку споделување на нивните уметнички дела на културните манифестации кои ги оддржува ,,Допирна точка”. Па токму од таа појдовна точка, оваа платформа служи за поддржување и негување на сите уметници, креативни умови и љубители на уметноста. Целта на ,,Допирна точка” е да ...