Во македонскиот Културно информативен центар во Истанбул вечер во 19 часот ќе биде отворена изложба „Пукнатини/трансформација“ на Благојче Наумоски. -Изложените педесетина дела со својата колоритност и свежина ни најавуваат радост и повторно креативно будење по долгата и исцрпувачка пандемија. Гледаме експлозија на бои и своевиден спој на графика, невербален плакат и сликарство. И покрај изразениот дигитално-графички израз на делата, тие ...

По денешната проекција, филмот ќе се прикажува во среда (25 октомври), четврток (26 октомври), петок (27 октомври) и сабота (28 октомври). Вардан Тозија дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Македонија, филмска и ТВ режија. Посетувал и предавања на правни и политички науки на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Режирал неколку кратки и документарни филмови и телевизиски серии, неговиот дебитантски игран филм АМОК (2016) ...

Џез тапанарот, импровизатор и композитор Драган Теодосиев годинава ја доби наградата за најдобар млад македонски џез музичар, што традиционално ја доделува Скопскиот џез фестивал. Теодосиев е присутен на македонската музичка сцена речиси две децении, а своето музичко образование го стекнал во средно музичко училиште и на одделот за џез музика на Факултетот за музичка уметност во Штип. Активно работи со голем број артисти и бендови како: Taxi ...

Студио „Дланка“ е креативна платформа за грнчарство и други уметности кои се создаваат рачно. Во недела напладне на 29 Октомври, ослободете ја вашата креативност во пријатна атмосфера и друштво во @hoteltims_ , низ медитативната уметност на глината 🔮 Ќе имате прилика да се запознаете со трите методи на рачно изработување на глинени предмети, и со една од техниките да направите до три свои предмети, кои може да си ги задржите за вас или да ги ...

да се биде човек е драматично Чисто за разонода, пред огледалото во ходникот, го пробува својот среќен свечен фустан и по којзнае кој пат ми раскажува за музичката матура, за професорката Мадам Ничота која ставала кајсија на лицето и не била за фамилија и како ја пофалила кога ги заборавила нотите и продолжила да свири. Материјалот на риги сино, бордо, бело ѝ го крие искривеното тело. Некаде среде поле олеандри близу јужната граница лежат ...

Вечерва во 20 часот, на тајна локација во Младинскиот културен центар ќе биде отворена изложбата “Портрет на Кралот Алкохол” на младата талентирана фотографка и уметница Соња Ставрова. „Портрет на Кралот Алкохол“ е фото-документарен проект на уметницата Соња Ставрова. Проектот вклучува визуелна изложба на фотографии и инсталации и го прикажува социјалниот живот во селата од тиквешкиот регион. Оваа изложба е продолжение на проектот „Кралот ...

Со особена радост и возбуда Ponder ви најавува дека на 21 октомври (сабота) Funk Shui ни доаѓаат во Битола! Заедно со From Another Mother од Загреб, Хрватска ќе ја раздрмаат сцената во Клуб Јагода и со голема самодоверба ќе се дрзнеме да тврдиме уште сега – ова ќе биде претендент за концерт на годината! Настанот започнува во 20:00 ч, а за почетно загревање пред бендовите ќе се погрижи Bad Juju. Цената на картите почнува од 300 денари (првите 100 ...

На 22.10.2023 година, со почеток на полноќ ќе почне новата резиденција на OVC Collective во скопскиот клуб „Епицентар“. На оваа долгоочекувана журка ќе настапуваат диџеите Мораитов, Петков и Chrisot, познати по нивните минати журки со овој колектив во клубот „Минус еден“ и „Зеленика“, а ќе им се придружи и BRZRKR, познат и како egorius. Препознатлив по неговиот немилосрден и уникатен стил, тој идеално го комплетира line up-от за оваа дебитантска ...

Во „Хаосот радост“ е втора поетска збирка на Калиа Димитрова, чија дебитантска книга „Вештерките денес“ излезе од печат во 2018, во издание на издавачката куќа Темплум. Книгата ги истражува прашањата на генерацијата заглавена во просторот помеѓу растењето и стареењето, разместеноста, меланхолијата, амбивалентноста на бунтовната женскост, лудилото, но и тврдоглавата потрага по убавина, задоволство, страст за живот, континуитет, влечејќи смисла и ...

Во петок на 20 октомври, во Музејот на современата уметност – Скопје, во 20 часот ќе биде отворена меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“, составена од дела на уметници кои се во потрага по заемни мрежи на поддршка, исклучително потребни во состојби на општа несигурност, со намера да го отстранат прекаријатниот општествено конструиран дискурс и неговите манифестации во контекст на глобалните сегашни и историски неправди. Кураторкa на ...

Вчера ја добивме веста дека Зарина Првасевда, младата македонска изведувачка, е изгласана како „Најдобар нов талент“ на Upbeat Платформата! Како добитничка на оваа награда, таа и нејзините соработници ќе имаат можност да снимат нивно видео за реномираниот серијал „Take away show“ на La Blogoteque, музичка продукциска компанија од Париз, но и да учествува на живописната PIN конференција во МКЦ Скопје следната година. Прочитајте го нашето интервју ...

На 11 октомври во 19 часот во JazZy ќе се одржи завршната забава од диџејската работилница „Жени зад пултот” организирана од Тиииит! Инк. во рамки на фестивалот Прво па женско. На отворениот повик на Тиииит!Инк. се пријавија повеќе жени и девојки, а беа селектирани 10 девојки кои имаа можност да ги развијат своите диџејски способности и присуствуваа на предавањата во КСП Центар Јадро и во Котур. Ментори на работилницата беа искуските диџеи ...

По минатогодишната изложба во Скопје на Шејла Камериќ, насловена „Доаѓаме со поклон“, во Националната галерија – Чифте Амам, оваа година, повторно во соработка помеѓу Контрапунт/КРИК – фестивал за критичка култура и Тиииит!Инк. – фестивал за феминистичка култура и акција/ПРВО ПА ЖЕНСКО ќе биде промовирана уметничката книга „Mother is a bitch/Мајката е кучка“ во авторство на Шејла Камериќ и пријателите, бидејќи за неа најважно е плетењето на ...

Придружете ни се на уште една Vehemence забава, овој пат да го обележиме крајот на сезоната. На веќе позната локација – Зеленика Beеr Garden, Сабота, 07 Октомври, со почеток во 22:00 часот. Покрај Lethal M и Ana Malo, како куратори и резиденти на Vehemence, за првпат во Скопје ќе настапат и останатите резиденти од Берлин – Vidarr и Surt и специјален гостин од Франција – ØBSTN. Влезниците ќе можат да се купат на врата по цена од 400МКД. Come ...

Sioto Jazz (Сиот тој џез) се македонска поп рок инди џез супергрупа од Битола формирана во 2022 година како духовен наследник на неколку локални акти. Нивните влијанија влечат корени од широк спектар на уметници – од најлудите години на Херби Хенкок и Ник Кејв преку Смешинг Пампкинс и Д Нешнал па сѐ до Мен Ај Траст, Грајмс. Темите кои се провлекуваат низ песните од нивниот прв албум се извлечени од непосредната околина: изумирањето на малите ...

На 26 септември (вторник) со почеток во 20 часот, Јасна Жмак ќе настапи со својот авторски проект “this is my truth tell me yours” на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје, како дел од програмата на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО. Влезот за перформансот “this is my truth tell me yours” е слободен. “this is my truth tell me yours” е авторски проект на пистелката и драматург Јасна Жмак во кој ...

Завршната изложба на Факултетот за ликовни уметности одржана во просториите на Педагошка Академија и Сули Ан, како и некои изложби, самостојни и групни, реализирани од млади уметници во истиот период нè остави целосно инспирирани да креираме ново случување каде би ја возвишиле повторно уметноста. Овие изложби го одземаат здивот и ја најавуваат уметничката сцена што доаѓа во нашата земја. Во изминатите години ги посетувавме изложбите и без ...

Околу 15 часот, во средата (20.9.2023), тргнав пеш кон Музејот на град Скопје, каде што е поставена првата изложба и премиерното претставување пред локалната публика, на новата уметничка група Шатакуа. Додека пешачев кон музејот, го слушав нивниот албум, кој бараше од мене да му обрнам внимание и во никој случај не прифаќаше да биде „позадинска музика“ на моето пешачење. „Поради ова најчесто слушам поткасти“, си помислив. За среќа, музиката ...

Twisted Tale 22.9.2023 во 21 часот во Бруталиск Донесете ја вашата енергија, затоа што ние ќе ја донесеме нашата! Со голема возбуда ве очекуваме на уште една од нашиот серијал журки. Придружете ни се на 22ри Септември за уште една незаборавна вечер. Картите ќе се продаваат на врата и ќе чинат 150 денари. Се гледаме во Бруталиск во 21:00 часот овој петок! Radio Meltdown 23.9.2023 во 21 часот во ОРО Радио бар Обележете ги вашите календари за ...

За монодрамата: Оливера Живковиќ, средовечна дама и самохрана мајка, излезе на закажан состанок. Сепак, нејзиниот „дејт“ не се појавува.Затоа Оливера чека… Кој и што? Дали ќе ги дознае резултатите од нејзините медицински наоди? Дали ќе го открие значењето на бракот и заколнувањето на вечна љубов? Како Оливера го третира мајчинството и како ја толкува положбата на жената во денешното општество? Дали ќе разбере зошто должината на фустанот и ...

Утревечер, во 20 часот, во Музејот на современетата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Горчлив шеќер“ (Bitter Sugar) на македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ. Куратори на овој комплексен мултимедијен проект се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец. Проектот е составен од два дела, просторна инсталација и анимации и видеа, осмислени како фрагменти од актуелната стварност и современиот живот, кои во себе содржат знаци, состојби и ...

Новото патешествие во сонлив свет каде животните зборуваат, ситни бабички носат неверојатна моќ, а бесконечните пејзажи се прекрасни и полни со убавина и тага, ја имаше својата премиера во Јапонија во јули, каде веќе е огромен хит. Филмот се објави без некоја особена најавна кампања, но веќе ги освојува срцата на обожавателите на Мијазаки ширум светот. Иако не е официјално потврдена информацијата од страна на неговото „Студио Гибли“, кружат ...

На 12.09, вторник, во, 19:30 часот, во Музејот на Град Скопје за прв пат ќе биде претставена уметничката група Шатакуа Скопје. Истоимениот проект, Chatautauqua – е сплет од аналогна фотографија, видео движења, објекти и музика. Ќе ни биде задоволство ако присуствувате на мултимедијалниот настан што внимателно го развиваме преку три години. Составот на групата Шатакуа Скопје е непосреден, другарски и ненаметлив. Има 4 члена: Филип Куновски, ...

Во периодот од 11-17 септември, во романскиот главен град Букурешт, ќе се одржи XIII- тото издание на Интернационалниот поетски фестивал, на кое е поканет и нашиот еминентен мултимедиа уметник, Киро Урдин. Инаку, овој фестивал кој од година во година со својот растеж стана еден од најзначајните во својата фела не само во Романија, туку и еден од најпосетитените во Европа, оваа година покани 158 поети од 26 земји од четири континенти (Северна ...

18-тото издание АКТО продолжува на линија на претходните постпандемични изданија, преиспитувајќи го значењето на прославувањето, ако го земеме предвид основното значење на зборот фестивал. Преку привремени неколкумесечни контексти на истражување, едукација и продукција, потемелно се ангажира кон причините на појавите што претходно ги преиспитуваше во различни предизвикувачки околности, вкотвувајќи се во Битола. АКТО 18 се надоврзува на ...

View this post on Instagram A post shared by Humorous Resources (@humorous_resources) View this post on Instagram A post shared by Andy S. Blazkowicz 🥷🏻 (@darkseidd) View this post on Instagram A post shared by @fuckworkmemes View this post on Instagram A post shared by The Funny Introvert (@thefunnyintrovert) View this post on Instagram A post shared by Work memes (@officialworkmemes) View this post on Instagram A post shared by ...

В сабота, 2 септември, со почеток во 22:00 часот во „Зеленика Beer Garden“ OVC колектив организираат журка по повод нивниот прв роденден, во која ќе кулминира нивната прва сезона на нашата сцена како мегафон за промоција на електронска музика и уметничкиот развој на млади диџеи. Ќе настапуваат: Михајло, up and coming DJ, Мартина Пенева B2B со Дина од колективот Mousai, како и резидентите на OVC Petko.ov, Markwon и Chrisot. Во претпродажба ...

Europe House Bitola месец септември го започнува со автентична изложба на графички симболи, која брои дури 460 дела во мал формат. yugo.logo е проект на младиот графички дизајнер Огнен Ранковиќ, кој вели дека симболите кои ќе ги видиме се создадени пред повеќе од половина век, но стандардите по кои се креирани, концептот и естетиката ги прават безвременски. Изложбата ќе ја отвори нашиот драг и почитуван професор Костадин Танчев – Динка, кој во ...

Марта Дојчиновска е модна дизајнерка и костимограф од Битола. Со Марта се познаваме од низ град. Во 2020 година првпат го посетив нејзиното студио. Сè уште добро се сеќавам дека разговаравме за еко френдли бизниси и за тоа како сите треба да се стремиме кон тоа колку што е можно да го редуцираме користењето материјали што ѝ наштетуваат на околината. Нејзиниот бренд „LOM“ е фокусиран кон креирање квалитетни парчиња облека и модни додатоци. ...

Раскажи ни ја твојата лична приказна со видео игрите? Игрите се дел од моето секојдневие откако се сеќавам за себе. Играм игри од 1995, прво почнав на на нинтендо, а бабите ми се чудеа како го контролирам водоинсталаторот на телевизор. Па дознав за РС игри од игротеката во МКЦ кај што се залепив за тие два три компјутери и играв Херкулес и Тарзан од Дизни. Наскоро тетка ми купи РС за преведување кој често го “рејдав” за да украдам некоја минута ...

Скопје

19ᴼ/19ᴼ
1.54
30%
1016

Белград

16ᴼ/15ᴼ
1.54
46%
1018

Софија

18ᴼ/15ᴼ
8.23
38%
1015

Сараево

19ᴼ/19ᴼ
8.21
29%
1015

Љубљана

18ᴼ/15ᴼ
2.06
72%
1016

Атина

25ᴼ/23ᴼ
4.12
46%
1012

Тирана

21ᴼ/21ᴼ
4.63
40%
1015

Подгорица

23ᴼ/19ᴼ
1.03
34%
1016
Currency

61.5333

Currency

55.346

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.841

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.59418

Currency

0.38477

Currency

0.52571

Currency

1.61635

Currency

0.65951

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

546752 $

Рутениум

14726 $

Калај

33 $

Сребро

1009 $

Злато

85105 $

Бакар

9 $

Паладиум

31672 $

Платина

31536 $

Родиум

152733 $

Цинк

98882 $