Франција – Ирак 1:0 е резултатот по првото полувреме од дуелот во Филаделфија во рамките на 2.коло во групата И. Се играше 14.минута кога по додавање на Олисе, капитенот на “Триколорите“ распали од околу дваесетина метри за гол, за водство од 1:0. Ова беше негов 15 гол на Мундијалите со што се израмни со Роналдо Назарио на вечната листа, прв е Лео Меси со 18. Кога станува збор за ова СП, тогаш билансот, барем засега е Меси – Мбапе 5:3. ...

Второто полувреме од натпреварот меѓу Франција и Ирак, при резултат 1-0 за „триколорите“, е одложено за дополнителни 15 минути поради издадено предупредување за неповолни временски услови. Организаторите од безбедносни причини ги задржаа фудбалерите во соблекувалните, публиката во Филаделфија е евакуирана, а продолжението на средбата ќе започне откако ќе биде проценето дека условите повторно се соодветни за игра. Франција има минимална ...

Најавите дека дуелот помеѓу Франција и Ирак може да биде прекинат поради лошото време во Филаделфија се остварија. Во втората половина од првото полувреме започна да врне силен дожд, но сепак првите 45 минути се одиграа. Сепак, на полувремето се појави „аларм“ за грмотевици, а тоа значеше и прекин на мечот, односно вториот дел воопшто и не започна. Според правилата, прекинот ќе трае 30 минути од појавата на првиот гром, но додека се чека ако ...