Тешка сообраќајна несреќа утринава ја потресе источна Македонија. На експресниот пат меѓу Штип и Кочани, во судир помеѓу две патнички возила – „Фолксваген Поло“ и „Рено“ со бугарски регистарски таблички – едно лице го загуби животот, а тројца се повредени. Според првичните информации, несреќата се случила во раните утрински часови, а во едно од возилата се превезувале работници. Тројца од нив се здобиле со полесни повреди, додека еден од ...
На 07.10.2025 во 09:18 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на експресниот пат Штип- Кочани, во близина на с.Горни Подлог, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Х.М.(32) од с.Трубарево, скопско и патничко возило „фолксваген поло“ со бугарски национални ознаки, управувано од 22-годишната И.М. од Кочани. Во несреќата со повреди се здобиле двајцата возачи и ...

