Во Македонија има околу 700 позитивни со ХИВ. Се проценува дека 30-ина проценти не се дијагностицирани. Од оние, пак, кај кои е потврден вирусот, 90 насто се на терапија и имаат успешен третман. Најголем предизвик останува раната дијагностика. За да се намалуваат инфекциите со ХИВ вирусот, потребен е систематски пристап, но и законски измени. Достапноста на терапијата е најважна за луѓето со ХИВ, бидејќи им овозможува здрав и нормален живот. ...

Македонија заостанува зад глобалниот просек на дијагностицирани лица со ХИВ, со 86 % во 2023, наместо потребните 95 %. Потребно е државата да го забрза одговорот и да се зголеми раното тестирање и дијагноза, беше кажано на денешната Национална конференција за ХИВ, организирана од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во партнерство со Здружението за поддршка на лицата кои живеат со ХИВ „Заедно посилни“, Здружението за ...