Екипата на Ферари привлече најголемо внимание пред четвртата трка од сезоната во Формула 1, откако пријави најмногу технички новини за својот болид SF-26 пред викендот во Мајами. Италијанскиот тим претстави дури 11 нови компоненти, кои не се специфични само за оваа трка, туку се дел од поширок развоен пакет. Подобрувањата се насочени кон повеќе сегменти, како оптимизација на протокот на воздух, намалување на отпорот и зголемување на ...

Стартот на трката за Големата награда на Мајами во Формула 1 ќе биде три часа порано поради предвидената бура, па возачите на своите позиции ќе застанат во 19:00 часот по средноевропско време. Одлуката ја донесоа заеднички Меѓународната автомобилска федерација и Формула 1, откако проценија дека обилните дождови би можеле да ја нарушат трката. „По разговорите меѓу ФИА, Формула 1 и промотерите на Мајами, донесена е одлука почетокот на Големата ...

Како што потврдија организаторите, поради предвидената бура на територијата на Мајами, Ф1 трката ќе започне три часа порано наместо закажаното 22:00 часот по средноевропско време, тоа значи дека стартот е поместен за 19:00 часот, што секако е добро за гледачите во Европа и можат да уживаат во неа малку порано. Како што е наведено во соопштението, одлуката е донесена со цел трката да се прекинува што е можно помалку, да се обезбеди максимален ...