Лица со попреченост од цела Македонија пред Велигденските празници добиле решенија од центрите за социјална работа за намален број на часови за лични асистенти. Од максимум 80 часа месечно, особено во Источна Македонија, без промена на здравствената состојба на корисниците, часовите се намалени на 20 до 30, велат од Коалицијата „Менуваме“. Според координаторот на Коалицијата, тоа е направено од Министерството за социјална политика, ...

Имавме по 80 часа месечно за личен асистент, а сега се кратат. Најпогодени се од источните делови на Македонија, таму се доделуваат асистенти по 20-30 часа месечно. Во Скопје, повеќе решенија за личен асистент не се готови, а на многумина им ги дадоа пред Велигден, значи подоцна, со цел да се изгуби правото на приговор, алармира Суарет Алишан од Коалиција „Менуваме“ по кратењето на бројот на часови што личните асистенти ќе ги минуваат со ...