Мартин Томовски блеска во редовите на Битигхајм во Втората Бундеслига. Македонскиот голман брани во врвна форма од почетокот на сезоната, а моментално тој е најдобар голман во лигата. На социјалните мрежи 2. Бундеслига објави информации за голманите, па таму на врвот котира Томовски. Македонецот има најмногу одбрани во тековната сезона, дури 102 во првите девет кола на шампионатот. Моментално тој има четири интервенции повеќе од второпласираниот ...
Мартин Томовски и неговиот Битигхајм продолжуваат да блескаат сезонава. Тимот на македонскиот репрезентивен голман на домашен терен после вистинска драма го совлада Б.Дормаген со 31-30. Во последните секунди неговиот соиграч, Јан Хрдличка го одбрани нападот на противникот за голема радост во редовите на Битигхајм. Прв кој се стрча на теренот после овој момент беше Мартин Томовски, иако не беше на голот за овој меч, тој беше пресреќен. Томовски ...

