Познатиот кинески уролошки хирург д-р Гу Ди, од Првата придружна болница при Медицинскиот универзитет во Гуангџоу, неодамна престојуваше во Македонија, каде што ги пренесе своите искуства и напредните техники од областа на роботската хирургија. Со оваа посета, на пациентите во земјава им се доближуваат најсовремените медицински достигнувања и методи на лекување, кои се применуваат во реномирани здравствени установи ширум светот. Воедно, ...
Развојот на медицината денес сè почесто се одвива на пресекот меѓу науката и технологијата, а улогата на хирургот не се намалува, туку добива нова димензија. Роботската хирургија веќе не е визија за иднината, туку реалност што ги менува стандардите на лекување и отвора нови можности за пациентите. Д-р Виктор Станков, специјалист по урологија на Универзитетската клиника за урологија во Скопје, доктор на науки и научен соработник по хирургија ...

