Пред само неколку дена премиерот Мицкоски најави бактериолошки исправна вода за гостиварчани, но викендов колоните пациенти во гостиварската болница продолжија, помош побарале нови 84 пациенти. „Веќе можам да кажам дека одиме кон ситуација кога можеби за првпат во последните децении во Гостивар граѓаните ќе можат да користат вода за пиење која ќе биде бактериолошки исправна. Но, замолувам за трпение, затоа што имаме сериозен пристап и ...
Поради проблеми со водата за пиење во Гостивар, пациентите кај кои треба да се извршат хируршки и гинеколошки интервенции се носат во Клиничката болница во Тетово. Директорот на Тетовската болница Ерзан Елези вели дека болницата за пациентите од Гостивар е отворена 24 часа и се примаат сите оние пациенти кој кои треба да се извршат посериозни хируршки интервенции. „Во последниов период најмногу пациенти од Гостивар имаме на одделенијата за ...
Кризата со водата во Гостивар донесе нова мака за граѓаните на кои им е потребна хируршка интервенција и за родилките. Во Општата болница во Гостивар во моментов не се вршат операции и породувања, а пациентите се препраќаат во Клиничката болница во Тетово или на клиниките во Скопје. Ваквата официјална одлука за прекин на хируршките зафати е донесена поради неможноста безбедно да се спроведува стерилизација со водата што моментално не ги ...

