Исечени новогодишни сијалици, уништени садници и оштетена урбана опрема – ваква моменталната слика во централното градско подрачје во Штип, само неколку дена по новогодишното украсување. Градот е соочен со нов бран вандализам кој зад себе остава значителни оштетувања на јавниот имот. Градоначалникот Иван Јорданов остро реагира и бара итна интервенција од СВР Штип. Тој истакнува дека ваквите постапки се директен удар врз заедничкото добро и ...

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов реагираше на вандализирањето низ урбаните делови на општината. „Во изминатите денови сведоци сме на слики кои никој од нас не сака да ги види: исечени новогодишни сијалици, уништени садници и оштетена урбана опрема во централното градско подрачје. Овие девијантни однесувања не се само вандализам, туку директен удар врз заедничкото добро, врз трудот и вложувањето на Општина Штип и врз сликата на ...