Судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, денеска продолжува во судницата во Казнено-поправниот дом Идризово. Според најавите, рочиштето треба да продолжи со изнесување вина и воведни говори на одбраната, откако обвинителството на претходното рочиште ги претстави своите воведни излагања. Обвинителот Борче Јанев во воведниот говор нагласи дека истрагата и доказите имаат за цел ...
Скоро девет месеци по огнениот пекол во нелегалниот ноќен клуб „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа десетици млади луѓе и стотици беа повредени, трагедијата конечно стигнува и на маса во Собранието. Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права и пратеник од Левица, Димитар Апасиев, свика седница за 9 декември, на која како точка ќе се разгледува претставка од Здружението на семејствата на жртвите од Кочани. ...
Нова временска рамка кога е извршено кривичното дело, намалена листа на сведоци, измешани докази. Пропусти на Обвинителството направија хаос на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“. Половина од адвокатите приговараа на интегрираното обвинение и хаосот од докази на обвинителството. Тврдат со спојувањето на постапката за Александар Нацев и агенцијата за обезбедување „Рубикон“ обвинението е ново и опфаќа друг временки период. Побараа ...

