На последните два меча од групата „Ј“ беа постигнати вкупно 10 гола. Аргентина со 3-1 славеше над Јордан, а Австрија и Алжир одиграа реми, 3-3, кое ги однесе во 1/16-финалето. Актуелниот светски шампион со максимални девет бода ја завршува групната фаза, а иако Скалони го започна мечот со комбиниран состав, сепак, победата на крајот беше убедлива. Ло Селос и Лаутаро Мартинес во првото полувреме донесоа предност од 2-0 за Аргентина, а Муса ...
Групата „Ј“ беше последната што ги одигра натпреварите на Светското првенство во Северна Америка, па Австрија и Алжир точно знаеја што им е потребно за пласман во нокаут-фазата. На крајот се случи токму резултатот што им одговараше – реми. Австрија двапати водеше, но Алжир успеа двата пати да се врати во игра, а во 94-тата минута дури и поведе. Сепак, само две минути подоцна, во 96-тата минута, Саша Калајџиќ постигна гол за израмнување и ...
Алжир и Австрија одиграа спектакуларен натпревар во последното коло од групната фаза од Светското првенство. Двете екипи беа на раб на пласман во нокаут-фазата, им требаше реми, а токму тоа и се случи во Канзас (3-3) и поделбата на бодовите значеше и крај за Иран на овој Мундијал. Австрија поведе во 28. минута преку Марко Арнаутовиќ, но Алжир израмни пред паузата со голот на Белгали во 45. минута. Во вториот дел, Австријците повторно поведоа ...

