Во текот на 51-вата недела од годинава или од 15-ти до 21-ви декември се пријавени 314 случаи на грип и заболувања слични на грип, што е повеќе од двојно зголемување во однос на претходната недела, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје. Најмногу заболени се регистрирани на возраст од 15 до 64 години, а најмалку кај лица над 65 години. Од Институтот нагласуваат дека земјата се уште не влегла во сезоната на грип. Се забележува раст ...
Директорот на Националната служба за итни состојби, Скендер Братај, алармираше за брзото ширење на подваријанта А на вирусот на грип, која најмногу ги погодува децата. -Во Албанија циркулира нов подтип на грип А, кој се шири побрзо и предизвикува зараза на повеќе луѓе за кратко време. Посебноста на овогодинешната сезона на грип е фактот што таа почна 3-4 недели порано, во споредба со претходните години, не само во Албанија, туку и во Европа, ...

