Повторно во игра е изградба на нов клинички центар. На денешниот брифинг, премиерот кажа дека како најсериозна опција е комплексот да биде кај салата Борис Трајковски. Мицкоски вели дека преговараат со сопственикот на земјиштето кое е спроти ГОБ 8-ми септември и доколку постигнат договор, тогаш новиот клинички со тунел ќе го поврзат со болницата, ПЕТ центарот и поликлиниката Букурешт. Оваа локација како идеја беше спомената и кон крајот на ...
Бардовци, Ѓорче Петров, Касарна Илинден, постојната локација, просторот кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“… Од најавите за изградба на нов Клинички центар во Скопје повеќе од деценија и половина се бара погодна локација. Премиерот Христијан Мицкоски изрази надеж дека новиот, како што рече, ултрамодерен Клинички центар ќе почне да се гради наредната година на локацијата пред базенот Борис Трајковски, кој со подземен премин под булеварот ...
Владата треба да преговара со сопствениците на земјиштето кај базенот „Борис Трајковски“ за изградба на нов клинички центар бидејќи е во приватна сопственост – Откако премиерот Мицкоски веќе соопшти дека планот е новиот медицински комплекс да се гради во близина на градската болница „Осми септември“ денеска рече дека очекува веќе следната година да стартува изградбата. Министерот за здравство пак во изјава за 24 анализа сепак не сакаше да ...

