Невреме со силен ветер и дожд вечерва зафати повеќе општини во државата предизвикувајќи проблеми во сообраќајот и во извршување на вообичаените активности на граѓаните. Паднати дрвја и бандери, оштетени електрични кабли го попречуваа движењето, а надлежните повикуваат на зголемена претпазливост. Општина Ново Село апелира на особено споро и внимателно возење на патните правци Сушица-Ново Село, Ново Село-Мокриево, Мокрино-Смолари и Смолари- ...

Краткотрајното невреме проследено со силен ветер и дожд, кое го зафати Струмичкиот и Радовишкиот регион доцна попладнево, предизвика паѓање на дрвја и пожари, објавија Територијалните против пожарни единици на Струмица и Радовиш. Четири против пожарни возила и девет пожарникари биле ангажирани во Радовиш за отстранување на паднати дрвја од три улици. Благодарение на брзата интервенција на екипите, дрвјата биле отстранети за кратко време, а ...

Силно невреме проследено со пороен дожд и силен ветер синоќа зафати повеќе општини во Македонија, предизвикувајќи материјални штети и проблеми во сообраќајот. Најпогодени беа Струмица, Радовиш, Делчево, Дојран и Куманово, каде беа урнати дрвја, бандери и оштетени електрични водови. Некаде беа уништени и возила. Во Струмица, регистирани беа пожари на штала во село Висока Маала и на сува трева во Муртино, додека пожарникарите реагираа за да се ...