ВМРО-ДПМНЕ денеска побара Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да отвори предмет по допрен глас за работењето на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ), повикувајќи се на наодите од ревизорскиот извештај за 2024 година. На прес-конференција, потпретседателот на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ, Лазар Банов, изјави дека според Државниот завод за ревизија, во текот на 2024 година биле отпишани повеќе од три милиони денари ...

Откако во јавноста изби новата финансиска афера во ПОЦ, дека милионски долгови на физички лица и компании, биле отпишани без јавноста да дознае кој точно и зошто бил ослободен од обврската да им плати на паркинзи на Општина Центар, денес, време е проблемот да стигне таму каде што припаѓа, во Јавното обвинителство. Бараме Јавното обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, итно да отворат предмет по допрен глас и да ги ...