Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврдила дека Општина Тетово го дискриминира архитектот Бошко Видоески, кого лани во ноември го блокираше од официјалната фејсбук-страница, поради критички коментар. Видоески коментираше на објава со која Општината се фалеше со наводите во кои се споменува Тетово во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија кон членството во ЕУ. Тој забележа дека тие наводи се ...

Тетовскиот архитект Бошко Видоески неодамна напишал коментар на објава на официјалната фејсбук страна на Општина Тетово, во која општинските власти се пофалиле дека во позитивен контекст е спомната и во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија кон членството во ЕУ. „Кратко, напишав конструктивен коментар на пост на страната од Општината, во кој посочувам дека таа не смее да манипулира во дадена ситуација. На ова, некој ...