На површина од околу 4000илјади квадратни метри, во кругот на поранешната касaрна во Кочани, се планира да се гради новиот Дом за стари лица. Објектот ќе располага со четири ката, подпокрив и подрумски простории. Ќе биде со капацитет од околу 150кревети. Предвидени се простории за медицинска нега, рекреација и социјални активности, а ќе се користат и геотермалните води. Домот ќе биде во државна сопственост и за разлика од приватните, ќе ...
Неделава треба да се избере најповолен изведувач за изградба на првиот старечки дом во Кочани. Објектот ќе се гради на локација кај некогашната стара касарна во Кочани и ќе биде од големо значење за граѓаните како од градот така и од регионот. Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, истакна дека пет фирми се пријавиле на огласот за изведувач на домот, а во наредните денови ќе биде распишана и аукција. „На 15 јануари 2026 година ...

