Актуелниот шампион Баскет Кам со убедлива победа од 61:45 над Бадел 1862 го отвори полуфиналето од плеј-офот и поведе со 1-0 во серијата. Иако почетокот на натпреварот беше израмнет и гостинките имаа минимална предност по првата четвртина (14:12), кошаркарките од Македонска Каменица ја презедоа контролата во вториот период. Со цврста одбрана и подобра реализација, дозволија само осум поени на противникот и на пауза заминаа со солидни 30:22. ...
Екипата на Баскет Кам на одличен начин ја започна полуфиналната плеј-оф серија во домашното првенство, откако славеше победа над Бадел 1862 со конечен резултат 61-45. Баскет Кам дојде до првиот триумф во оваа серија со одлична игра во втората и последната четвртина, не давајќи му на ривалот големи шанси да се надева на изненадување. По изедначениот почеток, односно десет минути во кои Бадел 1862 се стекна со минимално водство (14-12), првото ...
Возбудувањата во плеј-офот од „Шпаркасе лајф“ Првата женска лига продолжуваат во среда навечер, кога на програмата се реванш натпреварите од полуфиналето. По првите средби, Баскет Кам и Вардар имаат предност од 1-0 во сериите, откако славеа против Бадел 1862 односно Крива Паланка. Особено изненадување приреди Вардар, кој направи „брејк“ на гостински терен во Крива Паланка. Сега „вардарки“ ќе имаат можност пред својата публика „Под Кале“ ...
Кошаркарките на актуелниот шампион Баскет Кам од Македонска Каменица, како и Вардар имаат почетна предност во полуфиналните серии од плеј-офот на Првата женска кошаркарска лига, додека пак Бадел и Крива Паланка бараат реванши односно израмнување во полуфинална серија. Иако, кошаркарките на Вардар не беа фаворити, сепак направија „брејк“ на гостувањето кај фаворизираната Крива Паланка и имаат почетна предност, а сега на домашен терен и со ...

