Е.Пелистер продолжува со стратегијата за развој на сопствени играчи, откако официјално потврди дека младиот ракометар Ненад Белистојаноски од следната сезона ќе биде дел од првиот тим. Станува збор за 21-годишно десно крило кое потекнува од Прилеп но целосно се афирмираше во Битола, минувајќи ги сите младински категории во системот на клубот. Белистојаноски досега настапуваше за Еурофарм Пелистер 2, но сега ќе биде прекомандуван и ќе игра во ...

Црногорскиот ракометар Вуко Борозан (32) ќе игра и за трет македонски клуб, Алкалоид, следната сезона, дознава Моцарт Спорт. До крајот на минатата година беше во Вардар, зимата се пресели во ГРК Охрид, а следната сезона црногорскиот претставник повторно ќе биде во главниот град. Поради повреда, искусниот лев бек нема да биде во составот на Борис Ројевиќ денеска во реваншот од полуфиналето на ЕХФ Европскиот куп против словенечкиот Цеље. ...