„Во Гостивар денеска видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица. Пијат вода пред камери. Велат ‘на здравје’ и дека е ‘многу вкусна’. А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Над 5.000 заболени.Повеќе од 2.000 хоспитализирани луѓе“, велат од СДСМ. „Болницата во Гостивар е нефункционална.Пациенти се префрлани во Тетово. И сега, кога конечно рекоа дека водата е чиста, наместо одговорност – ...
Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар, порача денеска опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ). „Несериозно и неодговорно е, по сè што се случуваше во Гостивар, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на изјави. Особено затоа што власта постојано даваше различни информации а изјавите на владините функционери во изминатите пет недели беа различни и ...
Скопје, 14 август 2026 (МИА) - Еден месец Гостивар е отруен со нечиста вода. Среде лето, на пеколни температури, жителите на Гостивар се уште, пет недели по ред, немаат безбедна вода. 5.000 граѓани завршија по болници со здравствени проблеми, има нови случаи и реинфекции. Пет недели граѓаните на Гостивар се принудени да чекаат во ред за пластично шише со вода - изјави денеска на прес-конференција Маја Борозан од СДСМ, што МИА ја пренесува ...
СДСМ преку соопштение реагира на начинот на кој власта го одбележа укинувањето на забраната за користење на водата за пиење во Гостивар, обвинувајќи ги премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу за отсуство во текот на кризата. Од партијата велат дека наместо највисоките државни функционери, пред камерите вода пиеле други претставници на институциите, што СДСМ го оценува како несоодветно однесување со оглед на ...

